Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Андоновски: За нашите европски партнери ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните избори и сигурен партнер

„Основниот впечаток кој го добив од посетата е дека нашите европски партнери, исто како и нас, се убедени во победата на претстојните парламентарни избори. Во таа насока беа и бројните билатерални и мултилатерални состаноци. Се дискутираше за глобалните и локалните предизвици на економијата, справувањето со геополитичките состојби, климатските промени и влијанието врз селата и земјоделството“, изјави Стефан Андоновски – Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во вечерашното гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

„ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на Европската народна партија. Нашите напори за создавање програма која ќе нуди реални решенија е препознаена и ние имаме сериозна поддршка за нејзина реализација“, посочи Андоновски.

Меѓудругото Андоновски напомена и дека СДСМ долг период говори дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија, меѓутоа гледаме дека тоа не е вистина. ВМРО-ДПМНЕ е европска партија со голема поддршка од државите членки на Европската Унија.

„СДСМ велеше дека ВМРО-ДПМНЕ не е Европска партија, но видовме како нивниот претседател Димитар Ковачевски, не ни беше примен на состанок со Европските сестрински партии. Тоа нешто кажува.“ потенцираше Андоновски.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК