Обилните снежни врнежи предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места во западниот дел на Македонија. Според попладневните информации од Центарот за управување со кризи, без струја останале Попова Шапка, Лисец, Гајре и дел од населените места во општините Брвеница и Боговиње.
Прекини се регистрирани и во гостиварскиот регион, меѓу другото во Вруток, Ново Село, Цветково, Церово, Речане, Беловиште, Здуње, Градец, Горна и Долна Бањица, Сушица, Ѓоновица, Куново, Трново, Трница, Врбјане, Сенче, Волковија, Нистрово и Белица.
Механизацијата на надлежните служби е ангажирана за расчистување на патиштата кон повисоките населени места. Информациите на ЦУК се однесуваат на состојбата до 13:30 часот.


