На 29.11.2026 во 00:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 42-годишен маж и неговата 70-годишна мајка, двајцата од село во неготинско. Претходно, 35-годишна жена пријавила дека во домот нејзиниот вонбрачен сопруг физички ја нападнал, а неговата мајка ѝ се заканувала. Тие биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.


