На 28.11.2026 во 18:40 часот во спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 42-годишен жител на Битола затоа што се однесувал агресивно, тропал на вратата и се обидел насилно да влезе после започнување на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК „Еурофарм Пелистер“ и РК „Охрид“.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


