ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
На 25.11.2026, тој продал кокаин на лице од Кавадарци, а при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени кокаин и останати предмети.


