Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ – Изменет сообраќаен режим на патот Градско – Дреново до крајот на годината

Возачите кои се движат по експресниот пат меѓу Градско и клучката Дреново треба да сметаат на привремени промени во сообраќајниот режим поради санација на асфалтот. Според утринските сервисни информации, градежните активности се предвидени да траат до 31 декември.

Сообраќајот на делницата ќе биде регулиран и пренасочуван согласно потребите на работниците на терен. Дополнителна внимателност е потребна и поради дождливото време, особено на патните правци каде што постои опасност од одрони.

Според утринските информации, на граничните премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од земјата.

Можеби ќе ве интересира

СО ЗАКАНИ МУ БАРАЛЕ ПАРИ, А ЕДЕН ГО НАПАДНАЛ ПОРАДИ ТРОТИНЕТ – Мајка пријавила насилство врз синот во Тетово

ДЕСК

КОКАИН ПРОНАЈДЕН КАЈ 44-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ – Ноќно приведување на улицата „Ѓорче Петров“

ДЕСК

ДВЕ АРГЕНТИНКИ ПРИВЕДЕНИ ВО ГОСТИВАРСКО – Ноќна полициска контрола во угостителски објект

ДЕСК