Centar.mk
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Дали Алта банка ги почитувала правата на акционерите при преземањето на Стопанска банка Битола?

Бране Петрушевски, заменик генeрален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на која се одржа продолжението на надзорната расправа на темата: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“,  постави прашање во врска со постапката за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка Белград во 2025 година, транспарентноста на процесот, евентуалните неправилности во тргувањето со акциите и заштитата на правата и интересите на малцинските акционери.

„Би сакал да се осврнам на постапката за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта банка Белград во 2025 година, но и за последиците од целокупните случувања поврзани со оваа банка врз пазарот на капитал и акционерите“, рече Петрушевски и праша:

„Дали во постапката за преземање во 2025 Македонска берза констатирала какви било неправилности од аспект на тргување со акции, објавувањето на ценовно чувствителни информации или транспарентноста кон инвеститорите, подетално дали биле почитувани сите правила за еднаков пристап до информациите и рамноправен третман на акционерите особено на малцинските акционери. Со оглед на случувањата со Алта банка би ве прашал и дали забележавте нарушување на функционирањето на пазарот на капитал, промени во довербата на инвеститорите или други последици врз тргувањето со акциите на банката и конечно како ги оценувате последиците за малцинските акционери и кои механизми постојат за заштита на нивните права и интереси во процесот на промена на сопственичката структура и стекнување со мнозинскиот пакет на акции од нов инвеститор?“

 

фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: По кои критериуми се водеше КХВ за да дозволи преземање на Алта банка?

ДЕСК

Јаревски до Целеска: Кои се суштинските разлики помеѓу причините за одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка и кои се причините за воведувањето привремена администрација во Алта банка?

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ: ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД ШТИП ПРОНАЈДЕНИ ВО СТРУМИЦА – Претходно биле пријавени дека исчезнале

ДЕСК