Centar.mk
фото скриншот/МВР
-МАКЕДОНИЈА

СРЕЌНА ВЕСТ: ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ОД ШТИП ПРОНАЈДЕНИ ВО СТРУМИЦА – Претходно биле пријавени дека исчезнале

Две малолетнички на возраст од 14 и 12 години од Штип, за кои претходно било пријавено дека се оддалечиле од својот дом, биле пронајдени од полициски службеници во Струмица.

Според информациите од МВР, двете девојчиња биле пронајдени на 23 ноември 2026 година од полициски службеници на СВР Струмица.

Нивното оддалечување од домот било пријавено еден ден претходно, на 22 ноември, во СВР Штип.

По пронаоѓањето, двете малолетнички биле предадени на нивниот татко.

Во полицискиот извештај не се наведуваат причините за нивното оддалечување од домот, ниту дополнителни околности за нивното пронаоѓање.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Обљуба врз 12-годишно девојче – Приведен 21-годишник по пријава

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА ДОБИТОК ЗАВРШИЛА СО СКРШЕНИЦА – Татко и две ќерки осомничени за напад на жена

ДЕСК

Панова: Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на политизирање, туку на институционално постапување врз основа на проверени факти

ДЕСК