Centar.mk
СВЕТ

Путин до кинескиот претседател: Односите меѓу нашите земји останаа цврсти дури и во тешки времиња

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Ши Џинпинг се сретнаа во Шенжен, на маргините на самитот на АПЕК, во пресрет на планираната трилатерална средба со Доналд Трамп.

Во разговорот со Путин, Ши нагласи дека односите меѓу двете земји „останале цврсти, дури и во тешки времиња“. Тој додаде дека двете нации треба да преземат поконкретни чекори за продлабочување на нивната сеопфатна соработка и, заедно, „да го предводат и поттикнуваат трендот кон мултиполарен свет“.

Од своја страна, Путин го опиша надворешнополитичкото партнерство меѓу Москва и Пекинг како „стабилен и позитивен“ фактор на меѓународната сцена. Претходно, за време на самитот, рускиот претседател исто така изјави дека очекува „значителни потенцијални придобивки“ од претстојните разговори со Трамп и Ши./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Норвешката безбедносна служба предупредува на зголемен ризик од екстремисти

ДЕСК

Американски министер: Вештачката интелигенција можеби стои зад прекините во банките и авиосообраќајот

ДЕСК

Русите нападнаа пазар во Украина: 11 лица се повредени, меѓу кои и едно момче

ДЕСК