Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во кинескиот град Шенжен, во пресрет на утрешната историска средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.
Авионот „Ер форс уан“, за кој се верува дека го превезувал Трамп, бил фотографиран додека се приближувал кон меѓународниот аеродром Шенжен Баоан.
Средбата на тројцата лидери е закажана за утре, 19 ноември, во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК)./Извор:Makfax


