Centar.mk
СВЕТ

Норвешката безбедносна служба предупредува на зголемен ризик од екстремисти

Норвешка се соочува со зголемени безбедносни ризици од екстремисти, иако севкупната закана од напади во земјата останува на умерено ниво, соопшти Норвешката полициска безбедносна служба (PST).

Од PST наведуваат дека во текот на следната година се можни „обиди за терористички напади“ од страна на екстремни исламистички групи и екстремистички групи од крајната десница.

Случувањата во рамките на онлајн заедници каде што е присутно високо ниво на насилство, ја наведоа PST да идентификува категорија на „нихилистички екстремизам“, која опфаќа поединци што изразуваат желба за хаос и масовни жртви.

Според PST, екстремните исламисти во Норвешка сè почесто формираат групи и мрежи, како во реалниот свет, така и онлајн.

Севкупното ниво на закана останува непроменето – три од пет, што укажува на умерена закана – додаваат од службата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп пристигна во Кина, утре историска средба со Шjи Џинпинг и Путин

ДЕСК

Путин до кинескиот претседател: Односите меѓу нашите земји останаа цврсти дури и во тешки времиња

ДЕСК

Американски министер: Вештачката интелигенција можеби стои зад прекините во банките и авиосообраќајот

ДЕСК