На 17.11.2026 околу 00:30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „Илинденска“ во Тетово, осумгодишно дете од Куманово, со престој во Тетово, врши питачење, со што ја загрозува сопствената и безбедноста во сообраќајот.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки со детето бил извршен разговор во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција и психолог од Центарот за социјални работи, по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против неговата 33-годишна мајка од Куманово, со престој во Тетово, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 201 од Кривичниот законик – „запуштање и малтретирање на дете“.


