Полициски службеници во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје привеле вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, поради сомнение за кривично дело примање поткуп.
Според првичните, неофицијални информации, истрагата се однесува на сомнежи дека лице на раководна позиција барало пари во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.
Надлежните сè уште не ги соопштиле сите околности, ниту деталите за евентуалната парична сума. Се очекуваат дополнителни информации по завршувањето на истражните активности.


