Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

УДРИЛ ЖЕНА СО „ПАСАТ“, ПА ГО НАПУШТИЛ МЕСТОТО – 54-годишна кумановка со тешки повреди, возачот набргу пронајден

На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Братство Единство“ и ул. „Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен жител на с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишна жена од Куманово, по што возачот го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 54-годишната жена, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Христијан или малиот Вучиќ од Македонија – кривични пријави за опозицијата, заштита за Алта банка

ДЕСК

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК