На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Братство Единство“ и ул. „Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишен жител на с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишна жена од Куманово, по што возачот го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 54-годишната жена, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


