На 10.11.2026 година во 13:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар на улицата „ЈНА“ во Гостивар лишиле од слобода 30-годишен жител на Гостивар.
Во ОВР Гостивар, тој бил пријавен од 60-годишен жител на Гостивар, вработен како судски полицаец во Основниот суд Гостивар, дека околу 13:00 часот, на своето работно место, бил физички нападнат од 30-годишниот маж, кој агресивно барал да се качи кај судија, упатувајќи закани.
Откако бил упатен кај јавен обвинител, продолжил со вербални закани кон обвинителката, која исто така го пријавила случајот во ОВР Гостивар. При обид на судската полиција да го отстрани од објектот, 30-годишниот маж го удрил судскиот полицаец со стаклен предмет.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


