Изминатиот викенд го одбележа една значајна активност посветена на воспоставување на нови партнерства и унапредување на економската соработка меѓу дијаспората и матичните земји. Брунен, местото каде што со обединување на три кантони во 1291 година се раѓа Швајцарската Конфедереција, симболично беше избрано за место во кое се основа и новиот Бизнис клуб, со поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија и Надворешно трговската комора на Босна и Херцеговина како основачи. Овој Бизнис клуб преставува функционална деловна платформа која ги обединува бизнисмените од регионот и ги надминува традиционалните форми на вмрежување, овозможувајќи конкретна соработка меѓу компаниите од регионот и деловните кругови во Западна Европа. На основачкото собрание присуствуваа повеќе од 100 делегати од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Швајцарија и ЕУ.
Во своето обраќање, Бранко Азески, в.д. претседател на Коморскиот Инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (WB6 CIF) со седиште во Трст, ја истакна важноста на малите и отворени економии од заедничка соработка, особено кога таквите идеи се автохтони, односно призлегуваат од нас самите во насока на градење на заеднички капацитети за настап и освојување на нови пазари, а тука клучна е улогата на коморите, како заштитници на интересите на компаниите. Компаниите во изминатите години израснаа и создадоа перспектива за себе позиционирајќи се како кохерентен фактор, затоа ваквите иницијативи кои го ставаат бизнисот над политиката треба да бидат императив во поврзување на деловната заедница од нашиот регион во градењето на поинтензивна трговска размена и присуство на пазарите од Западна Европа, истакна Азески.
На основачкото собрание присуствуваше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Швајцарија, Н.Е. м-р Реџеп Демири, како и проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора.
Бидејќи се ова што го кажав претходно е врзано за подоброто позиционирање на компаниите, денес (9.11.2026 г.) продолжуваме со нашите активностите од Швајцарија во Охрид, каде нашиот добар пријател, верен член „АСП-ПАК“ ДООЕЛ Охрид, ќе одбележи ставање на камен темелник на новата фабрика и со тоа ќе ја поддржи иницијативата на Владата и на Комората за зголемување на инвестиционата активност и на јавниот и на приватниот сектор. Петар Спасески ќе биде исклучително задоволен денес бидејќи ги оствари соништата за бизнисот кој постојано расте. Особена чест ќе му направат и премиерот на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски и стотици други деловни пријатели.
Нашата активност не завршува тука, продолжува во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид, каде ќе го посетиме училиштето со најмногу склучени договори со компаниите во рамките на Проектот за дуално образование, што го воведе Стопанската комора на Северна Македонија, по што следи реализација и на следните активности:
- Јадранска група на производители на приватни трговски марки во Белград, Р.Србија;
- Регионален бизнис форум „Го поврзуваме стопанството – градиме партнерства“ во Нови Сад, Р.Србија;
- Конференција за Водење бизнис со клучни партнери од ЕУ преку култура, вредности и јазици, во Штип.
П.С. Значи оваа година, СКСМ донесе неколку значајни работи. Посетата на високата делегација на Швајцарската конфедерација на покана на Владата на Република Северна Македонија отвори нови страници во соработката со нашата земја, дијаспората е фактор на интеграција и така треба да остане, „АСП ПАК“ влекува во нова инвестиција за релизација за поддршка на напорите на Владата и Комора за зголемување на инвестиционата активност, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид е водечко училиште во соработката со компаниите и Министерството за образование, производителите на приватни трговски марки ќе се соберат во Белград итн…итн…
(ИМА ЛИ НЕКАДЕ ПОДОБАР ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДРЖАВАТА И КОМОРАТА???)
Колумна на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески
фото: Стопанската комора


