Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за „Алта банка“: Нема да се реализираат црните сценарија на СДСМ, ќе ја спасиме банката и таа ќе продолжи да функционира

ДЕСК

ГОЛЕМО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ – Бензините поевтини за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

ДЕСК

Анализа: Градежниот сектор со реален раст од 21,9% во вториот квартал од 2026

ДЕСК