Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ФРЛИЛ МАРИХУАНА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НА „ГОЛФ“ – Кривична пријава против 48-годишен кичевчанец

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При сообраќајна контрола на месноста „Битолска раскрсница“, во близина на Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, во кое се превезувал 48-годишникот.

Според полициските информации, при контролата тој фрлил марихуана низ прозорецот на автомобилот. Марихуаната била пронајдена и одземена, а по преземените мерки против лицето била поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМ ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четворица возеле без положен испит, двајца пијани, еден и во спротивна насока

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО ТЕТОВСКО СЕЛО – Пронајдена марихуана, кривична пријава против 46-годишен маж

ДЕСК

ТРИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И ЗАКАНИ – Во Делчевско пријавен напад врз 13-годишно дете, два случаи и во Гостивар

ДЕСК