Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

22-ГОДИШНИК ОД ДЕБАРСКО ПРИЈАВЕН ЗА ВОНБРАЧЕН ЖИВОТ СО ДЕТЕ – Полицијата го привела, во случајот се вклучил и Центарот за социјални работи

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на дебарско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

Според информациите од полицијата, на 13 август 2026 година, пријавениот воспоставил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со својот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом.

По преземените мерки, тим составен од полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи извршил службени разговори во присуство на член од семејството на малолетничката. По спроведените активности, 22-годишникот бил лишен од слобода, а против него била поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ФРЛИЛ МАРИХУАНА НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ НА „ГОЛФ“ – Кривична пријава против 48-годишен кичевчанец

ДЕСК

ОСУМ ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четворица возеле без положен испит, двајца пијани, еден и во спротивна насока

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО ТЕТОВСКО СЕЛО – Пронајдена марихуана, кривична пријава против 46-годишен маж

ДЕСК