Во септември 2026 година се издадени 253 одобренија за градење, што е за 19.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, извести ДЗС.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 527 792 илјади денари, што е за 36.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (65.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.3 %) за објекти од нискоградба и 61 (24.1 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 253 објекти, на 163 (64.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (35.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 67 878 м2.


