Во валандовскиот регион започнува реализацијата на третата фаза од системот за наводнување „Страиште“, инвестиција вредна 25 милиони евра. Министерот за земјоделство Борче Серафимовски на 6 ноември во Пирава соопшти дека проектот треба да опфати 1.500 хектари земјоделско земјиште и да одговори на потребите на околу 6.000 земјоделци.
Според претставениот план, предвидена е изградба на приближно 70 километри цевководна мрежа под притисок, околу 500 хидранти и нова пумпна станица. Системот треба да овозможи поефикасно наводнување, меѓу другото и со технологија „капка по капка“, а земјоделците ќе добијат и советодавна поддршка за користење на инфраструктурата.


