На 07.11.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Стопански Двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Скопје, и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 52 години од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач и неговиот сопатник, додека со телесни повреди се здобил 52-годишниот возач на „пежото“. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.


