Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ: ШТЕДЕЛЕ ПАРИ, А НА НИВНО ИМЕ СЕ ПРАВЕЛЕ КРЕДИТИ? – Раководителка на штедилница под истрага

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата.

Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист.

Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети.

Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос.

Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот.

Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – СДСМ најавува блокада на спорното решение

ДЕСК

СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

ДЕСК

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

ДЕСК