Centar.mk
фото Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
-МАКЕДОНИЈА

ТУЃА ШУМА, СВОЈА ЗАРАБОТКА? – Двајца осомничени дека исекле 63 дабови стебла и ги продале

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против лице (57) и лице (55), двајцата од селото Умлена, Пехчевско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.

Според информациите од полицијата, во периодот од април до јули 2026 година, пријавените од приватна парцела во атарот на селото Умлена одзеле претходно исечена дабова дрвна маса. Дрвата ги превезувале со сопствени возила, по што, според пријавата, ги продавале на трети лица.

Но, според полициските наводи, тие не застанале само на веќе исечените дрва. Од истата парцела бесправно исекле уште 63 дабови стебла, кои потоа ги однеле и ги продале на други лица како огревно дрво. За случајот е поднесена кривична пријава, а двајцата се осомничени за кражба.

Можеби ќе ве интересира

ГО БАРАЛ СУДОТ, ГО ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА – Велешанец спроведен во затворот Идризово

ДЕСК

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ, ПОЛИЦИЈА НА ВРАТАТА – Уапсен 28-годишник во Виница

ДЕСК

ЗАКАНИ И НАВРЕДИ КОН ПОЛИЦАЈЦИ ВО КУМАНОВО – Кривична пријава против 39-годишник

ДЕСК