Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Министерството за односи меѓу заедниците ги продолжува консултациите за Стратегијата за мултикултурализам и општествена кохезија 2027–2032

Министерството за односи меѓу заедниците го продолжува процесот на консултации за изработка на Стратегијата за мултикултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година. Денеска се одржа вториот ден од консултативната средба, на која учествуваа универзитетски професори, експерти од соодветните области, претставници на граѓанските организации и претставници на надлежните институции.

Целта на средбата е вклучување на стручната експертиза и размена на мислења и конкретни предлози, кои ќе послужат како основа за утврдување на приоритетите и мерките што ќе бидат опфатени во новата стратегија.

По отворањето на средбата и воведното обраќање на министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, работата продолжи преку тематски презентации и отворени дискусии со учесниците.

Во рамки на агендата за вториот ден, посебно внимание се посветува на две приоритетни области: институциите и медиумите. Преку придонесот на експертите и универзитетските професори се разгледуваат прашањата поврзани со улогата на институциите во унапредувањето на мултикултурализмот, застапеноста и соработката меѓу заедниците, како и значењето на медиумите во промовирањето на меѓукултурниот дијалог, меѓусебното разбирање и општествената кохезија.

Програмата опфаќа и дискусии во кои учесниците имаат можност да ги изнесат своите ставови, предлози и препораки, со цел стратешкиот документ да биде сеопфатен и да ги одразува реалните состојби и потребите на општеството.

Министерството за односи меѓу заедниците останува посветено на спроведување транспарентен и инклузивен процес, обезбедувајќи активно учество на институциите, академската заедница, експертите и граѓанските организации во изработката на Стратегијата за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032.

фото МОЗ

Можеби ќе ве интересира

ГО БАРАЛ СУДОТ, ГО ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА – Велешанец спроведен во затворот Идризово

ДЕСК

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ, ПОЛИЦИЈА НА ВРАТАТА – Уапсен 28-годишник во Виница

ДЕСК

ЗАКАНИ И НАВРЕДИ КОН ПОЛИЦАЈЦИ ВО КУМАНОВО – Кривична пријава против 39-годишник

ДЕСК