На 06.11.2026 година во 01.10 часот, на регионалниот пат Струга-Охрид, лишено од слобода е лицето на возраст од 56 години од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, му констатирале 2,06 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето на возраст од 56 години ќе биде поднесена соодветна пријава.


