Во Куманово поднесе кривична пријава против лице (66) од селото Слупчане, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување службена исправа“.
Според полициските информации, пријавениот во периодот од 2021 до 2024 година, додека работел како матичар во Управата за водење на матичните книги во Слупчане, наводно внесувал невистинити податоци во службената документација и изготвувал невистинити изводи за странски државјани.
Во спорните документи, како што се наведува во пријавата, било прикажувано дека странските државјани склучиле брак пред матичарот. Поради сомневањата за незаконско постапување при издавањето на службените исправи, против 66-годишниот матичар е поднесена кривична пријава.


