Centar.mk
фото Mozzart
-МАКЕДОНИЈА

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Кога културата е достапна за сите, таа станува дел од секојдневието и создава моменти што обединуваат.

Токму со таа идеја, Mozzart продолжува да поддржува театарски содржини и да им овозможува на граѓаните полесен пристап до уметноста.

Претставата „Аматери“ во Театар Комедија е четвртиот и воедно последен театарски настан што Mozzart го организира годинава во рамките на својата посветеност кон развојот и поддршката на културата.

На 2 декември, со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со хумор, емоции и врвни актерски изведби.

Верувајќи дека театарот треба да биде близок до луѓето и достапен за секој што сака да биде дел од магијата на сцената, Mozzart и овојпат овозможува претставата да ја проследи пошироката публика без надомест.

Билетите можат да се подигнат секој работен ден од 15:00 до 20:00 часот на билетарата на Театар Комедија, сè до нивно целосно преземање.

Во актерската екипа настапуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Жарко Димовски, Жаклина Петровска, Маја Љутков и Елана Кузманов, чии имиња гарантираат незаборавно театарско доживување.

Со оваа последна театарска вечер за годинава, Mozzart уште еднаш потврдува дека поддршката на културата претставува значаен дел од неговите општествено одговорни активности. Целта останува иста – уметноста да биде поблиску до луѓето, а културните настани подостапни за сите генерации и во иднина.

фото Mozzart

Можеби ќе ве интересира

Бојаџиева Марковска: Каде завршија 700 илјади денари кои Бетон Герасимовски ги предвидел за пензионирани наставници да вршат дополнителни часови за учениците во училиштата?

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Јас сум на страната на Македонија, вие сте на страната на криминалот

ДЕСК

Филипче: Порачајте им на вашите пријатели од Србија со кои правите дилови за мазут да не ми се закануваат, не им се плашам

ДЕСК