Centar.mk
БИЗНИС

ДОЛГОТ НА ЗЕМЈИТЕ ВО РАЗВОЈ СО РЕКОРД – Светска банка објави износ од 9,4 билиони долари

Надворешниот долг на земјите во развој достигнал 9,4 билиони долари во 2025 година, покажува новиот извештај на Светска банка објавен на 5 ноември. Годишното зголемување изнесува 5,5 проценти и е најбрзо од 2021 година.

Повторното отворање на пазарите за обврзници го зголемило пристапот до финансирање. Издавањето обврзници од јавните субјекти пораснало за приближно 35 проценти, на 251 милијарда долари.

Кај најсиромашните земји што користат поддршка од Меѓународното здружение за развој, надворешниот долг се зголемил за 8,1 процент, на 1,3 билиони долари. Светска банка предупредува дека високите трошоци за задолжување го ограничуваат просторот за јавни инвестиции и основни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Митева со среќна вест до граѓаните: Незаконски наплатените средства од компаниите за брзи кредити се враќаат кај над 26.000 граѓани

ДЕСК

СТОПИРАНИ СИТЕ ДЕНЕШНИ ЛЕТОВИ – Европска авиокомпанија пред опасност од банкрот

ДЕСК

ГОЛЕМА МОЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА – Во 2027 година може да добие зелено светло за европскиот енергетски пазар

ДЕСК