МВР на 5 ноември соопшти дека е поднесена кривична пријава против 46-годишен скопјанец за повреда на авторското право и пиратерија на аудиовизуелно дело. Предметот е доставен до Основното јавно обвинителство Скопје.
Според полицијата, тој во 2024 година, како администратор на фејсбук-страница, објавувал епизоди од телевизиска серија за која немал авторски права. Ексклузивното емитување било договорно отстапено на телевизиска куќа, која го пријавила случајот.
Во истрагата, спроведена по обвинителска наредба, бил привремено одземен електронски уред. Од МВР наведуваат дека форензичката анализа обезбедила поткрепа за наводите од пријавата.


