Основниот кривичен суд во Скопје на 5 ноември ги прифати предложените сведоци во постапката против деветмина полицајци обвинети во врска со издавањето согласност за дискотеката „Пулс“ во Кочани. Нивното сослушување е предвидено за 17 ноември.
На денешното продолжение судот се произнесе за предлозите на дел од одбраната во доказната постапка. Обвинението се однесува на наводно неизвршување на службените обврски и недоволна проверка во постапката за позитивна согласност за лиценца.
Следното рочиште е закажано за 14 ноември, кога одбраната треба да започне со изведување материјални докази. Постапката против полицајците се води за злоупотреба на службената положба и овластување.


