Centar.mk
СВЕТ

Трамп по поразот на републиканците: Јас не бев на гласачкото ливче

Како што пристигнуваат извештаи за порази на републиканските кандидати на изборите во средината на мандатот, американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“.

„Јас не бев на гласачкото ливче, а да бев – ќе победевме со ОГРОМНА РАЗЛИКА! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, напиша Трамп.

За време на кампањата, Трамп ги повика гласачите „да се преправаат“ дека и неговото име се наоѓа на гласачкото ливче.

На предизборните собири во пресрет на изборите за Конгресот, Трамп често ги охрабруваше гласачите „да се преправаат“ дека и неговото име е на гласачкото ливче. Во одредени моменти, тој дури сугерираше дека, во одредена смисла, и самиот тој е кандидат на овие избори./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп

ДЕСК

Венедиктов: Европа се заглави во ќош поради Украина

ДЕСК

Иран: Четири нафтени танкери уништени во Ормускиот теснец

ДЕСК