Демократката Киша Ленс Ботомс победи во трката за гувернер на Џорџија, станувајќи првата Афроамериканка избрана да раководи со некоја американска сојузна држава.
Поранешната градоначалничка на Атланта – која истовремено станува и првата жена гувернер на Џорџија – го победи републиканскиот бизнисмен Рик Џексон, според проекциите на американските медиуми.
Таа ќе го наследи републиканскиот гувернер Брајан Кемп, кој ја напушта функцијата по два последователни мандати.
Победа во некогашно републиканско упориште
Победата на Ленс Ботомс означува значајна политичка промена во сојузна држава која некогаш беше републиканско упориште.
Републиканците ја држеа гувернерската функција во Џорџија повеќе од две децении.
На изборите во вторникот, Соединетите Држави го добија и првиот отворено геј маж во Сенатот – Крис Папас, демократ кој победи во Њу Хемпшир.
Доколку се остварат предвидувањата дека Абдул Ел-Сајед ќе победи во трката за Сенатот во Мичиген, САД ќе го добијат и првиот муслимански член во горниот дом на Конгресот./Извор:Makfax


