Centar.mk
РЕГИОН

„Кој ќе го потцени Трамп ќе направи голема грешка“: Вучиќ oчекува посилни напади врз Иран и зголемување на цените на нафтата

Лидерот на опозицијата во Србија, Александар Вучиќ, оцени дека победата на демократите на среднорочните избори во Соединетите Американски Држави дополнително ќе ја комплицира политичката ситуација во таа земја, како и меѓународните односи, особено поради очекуваното продолжување на конфликтот на Блискиот Исток.

Вучиќ рече дека очекува Израел да продолжи да ја шири својата зона на влијание и безбедносна зона на територијата на Сирија и Либан, како и Соединетите Американски Држави, заедно со својот сојузник, да ги интензивираат нападите врз Иран.

Според неговото мислење, таков развој на настаните би можел да доведе до поголем број жртви и посериозни политички последици, но и до зголемување на цената на нафтата и нафтените деривати.

Зборувајќи за резултатите од изборите во САД, Вучиќ рече дека верува оти Доналд Трамп пркосно ќе го прифати поразот и ќе ја продолжи политичката борба.

– Верувам дека Трамп пркосно ќе го прифати овој пораз, ќе продолжи да се бори и дека ова ќе биде најдолгата претседателска кампања во историјата – рече Вучиќ.

Тој додаде дека секој што ќе го потцени Трамп во следните две години и ќе мисли дека е политички поразен и изгубен, ќе направи голема грешка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА ДАВОР МАЦУРА – Судот во Белград донесе одлука и за уште двајца осомничени

ДЕСК

(Видео) Вучиќ се сними како прави сендвич: „Јас сум едноставен човек од село“

ДЕСК

Лажна дојава за бомба на крузер во Грција: евакуирани повеќе од 1.500 луѓе

ДЕСК