Centar.mk
РЕГИОН

ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДИЈАВАТА – Грчката полиција ја заврши идентификацијата

Грчката полиција идентификувала четворица турски државјани како осомничени за подметнување на пожарот што во август избувна во затворот Дијавата кај Солун. Новите наоди од истрагата беа објавени денеска.

Според полицијата, еден од затворениците изнел запалени душеци во ходникот, а другите наводно помогнале во ширењето на огнот и во попречувањето на затворањето на една врата. Во пожарот дел од затворениците добиле проблеми со дишењето и биле пренесени во болница.

Полицијата го поврзува случајот со протест против одлука за екстрадиција на друг затвореник во Турција. За четворицата е оформен предмет за подметнување пожар и оштетување имот.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА ГО ЗАСИЛУВА ПРИТИСОКОТ ВРЗ ЦРНА ГОРА – Спорот околу Превлака повторно во европските преговори

ДЕСК

СОБРАЛ РЕЧИСИ 190.000 ЕВРА ДОНАЦИИ СО НАВОДНА ЛЕУКЕМИЈА – Во Косово приведен 20-годишник

ДЕСК

Пукање во училиште во Србија: 17-годишен ученик рани двајца вработени во службата за чистење

ДЕСК