Centar.mk
ЛОКАЛНО

БИТОЛА ОДБЕЛЕЖУВА 82 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – Вечерва ќе бидат доделени наградите „4-ти Ноември“

Битола денеска ја одбележува 82-годишнината од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Во празничната програма се предвидени положување цвеќе и свечена академија со доделување на највисоките општински признанија.

Градоначалникот Тони Коњановски и гостите од збратимените градови претпладнево треба да положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата, споменикот на Стив Наумов и на Партизанските гробишта.

На вечерната академија ќе бидат доделени наградите „4-ти Ноември“. Признанието за животно дело годинава ќе ѝ биде врачено на актерката Соња Михајлова.

Можеби ќе ве интересира

Општина Карпош: Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!

ДЕСК

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК