На 03.11.2026 во 12:20 часот во Полициското одделение Теарце, 31-годишен маж од с. Слатино пријавил дека околу 02:30 часот, во казино во с. Лешок, тетовско, бил физички нападнат од три лица, меѓу кои 50-годишно лице од с. Доброште и лице од с. Пршовце, при што му упатиле закани. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


