Centar.mk
СВЕТ

Телескопот „Свифт“ на НАСА паѓа кон Земјата по 22 години

Телескопот „Свифт“ на НАСА губи височина и наскоро ќе падне на Земјата, по неуспешниот обид за негово спасување. Како што пренесува ABC News, вселенските сили на САД предвидуваат дека опсерваторијата ќе падне некаде околу овој петок.

Се очекува поголемиот дел од телескопот – кој тежи еден и пол тон – да изгори при влегувањето во атмосферата. Сепак, Бред Ценко, водечкиот научник на мисијата во НАСА, објаснува дека одредени компоненти изработени од волфрам – метал што е погуст од оловото – како и делови од огледалата, би можеле да го преживеат падот.

Се очекува сите остатоци што нема да изгорат да паднат во океанот. Можната зона на пад опфаќа делови од Африка, Австралија, Индија, Југоисточна Азија, како и Централна и Јужна Америка. Вселенските сили континуирано ја следат траекторијата на телескопот.

Крај на 22-годишна мисија

Тимот на мисијата „Свифт“ изрази жалење поради крајот на телескопот, но истовремено упати и благодарност за податоците собрани во текот на неговите 22 години во орбитата. „Свифт“ беше лансиран на 20 ноември 2004 година, со цел проучување на најмоќните експлозии во универзумот.

„Знаевме дека ќе дојде овој ден, уште пред лансирањето на ’Свифт‘. Во ниската орбита околу Земјата, правилото е: сè што ќе се крене горе, мора да се спушти долу. А тој крај е катастрофален“, изјави Џон Нусек, астроном од Државниот универзитет во Пенсилванија и раководител на контролниот тим на мисијата.

Неуспешен обид за спасување и исклучување на системите

Поради зголемената сончева активност во последните години, „Свифт“ почна да губи височина побрзо од очекуваното. Како резултат на тоа, пред една година, НАСА ја ангажираше компанијата „Каталист Спејс“ за итна мисија за спасување. Сепак, роботското летало Link – опремено со три роботски раце – наиде на технички проблеми по неговото лансирање во јули.

Леталото не успеа да се приближи на растојание од 12 до 15 километри до телескопот, а во септември падна назад на Земјата. Откако мисијата за спасување беше откажана, „Свифт“ продолжи да функционира, регистрирајќи нови изливи на гама-зраци и други појави со висока енергија. Меѓутоа, кон крајот на октомври, телескопот се спуштил прениско за стабилно функционирање, што довело до исклучување на неговите системи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поради лошо време, портокалово ниво на тревога во Италија: училиштата затворени во неколку градови

ДЕСК

Телата на четворица италијански војници, загинати во близина на Брчко, се пренесени во Италија

ДЕСК

Карлсон: Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран и да предизвика трета светска војна

ДЕСК