Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ТЕПАЧКА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО СКОПЈЕ – По расправија бил употребен тврд предмет, нанесена расекотина

Физички напад и употреба на тврд предмет биле пријавени во скопската населба Илинден, по расправија меѓу двајца мажи пред угостителски објект. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 1 ноември 2026 година, во 00:30 часот.

Според полициските информации, по претходна расправија, 36-годишен жител на селото Марино физички нападнал 43-годишен маж од Скопје. Во текот на инцидентот, 43-годишникот употребил тврд предмет, при што на 36-годишникот му била нанесена расекотина.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК