Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ КАКО БЕЈРУТ, ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛ СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ – Сопругот на сопственичката го изгаснал пожарот

Паркиран автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки бил опожарен на булеварот „12-та Македонска бригада“ во Скопје. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 31 октомври 2026 година, во 21:24 часот, а според полициските информации, едно лице употребило запалива течност за да го запали возилото.

Автомобилот е во сопственост на 62-годишна жителка на Скопје. По избувнувањето на пожарот, нејзиниот сопруг интервенирал со противпожарен апарат и успеал да го изгасне огнот. Во инцидентот нема повредени лица.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Во полициското известување не се наведени дополнителни информации за идентитетот на лицето што го запалило автомобилот, ниту за причините за инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК