Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕЛО БЕЗ ЗНАЦИ НА ЖИВОТ ПРОНАЈДЕНО НА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО ГОСТИВАР – Наредена обдукција

На 1 ноември 2026 година, во 00:10 часот, во Полициската станица Гостивар од Итната медицинска помош било пријавено дека во објект на улицата „Илинденска“ во Гостивар е пронајдено тело на лице без знаци на живот.

На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител, кои извршиле увид. При постапувањето било утврдено дека станува збор за 78-годишен маж од селото Врбјани, кој престојувал на наведената адреса во Гостивар.

Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПОБАРАЛ ПОМОШ ПОРАДИ БОЛКИ ВО СТОМАКОТ – Пријавил дека лекар го одбил, а обезбедувањето го отстранило

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ПО КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ГОСТИВАР – Помошен тренер се обидел да нападне противнички играчи

ДЕСК

КОКАИН ПРОНАЈДЕН ПРИ ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА НА „БМВ“ – Приведен 37-годишен маж од Боговиње

ДЕСК