Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СЕ КАЧИЛ ВРЗ ДВЕ СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ВО ТЕТОВО – Искршил стакло и бришач, па побегнал

Две службени возила „пежо“, сопственост на Министерството за економија, биле оштетени во вечерните часови на 31 октомври 2026 година во Тетово. Инцидентот се случил во близина на објектот на Државната пазарна инспекција, на улицата „Борис Кидрич“, каде што автомобилите со скопски регистарски ознаки биле паркирани.

Според пријавата поднесена во Полициската станица Тетово во 23:35 часот, 45-годишен жител на селото Џепчиште, вработен во објектот на Државната пазарна инспекција, навел дека околу 22:40 часот забележал непознат маж како се качува врз службените возила. Притоа, на едниот автомобил му го искршил задното ветробранско стакло, додека на вториот го оштетил задниот бришач, по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила екипа на СВР Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на инцидентот и утврдување на идентитетот на лицето кое ги оштетило автомобилите.

Можеби ќе ве интересира

ТЕЛО БЕЗ ЗНАЦИ НА ЖИВОТ ПРОНАЈДЕНО НА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО ГОСТИВАР – Наредена обдукција

ДЕСК

ПОБАРАЛ ПОМОШ ПОРАДИ БОЛКИ ВО СТОМАКОТ – Пријавил дека лекар го одбил, а обезбедувањето го отстранило

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ПО КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР ВО ГОСТИВАР – Помошен тренер се обидел да нападне противнички играчи

ДЕСК