Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МУ ГО УКРАЛЕ АВТОМОБИЛОТ ПРЕД КУЌА – Клучевите биле оставени во бравата, приведен 28-годишник

На 31 октомври 2026 година, во 08:30 часот, во Полициската станица Гостивар, 35-годишен жител на градот пријавил дека непознат сторител му го одзел патничкото возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговиот дом на улицата „ЈНА“. Според пријавеното, клучевите од автомобилот биле оставени во бравата за стартување.

Возилото било одземено во периодот од 23:00 часот на 30 октомври до 07:10 часот наредното утро. Откако сопственикот го забележал исчезнувањето на автомобилот, случајот бил пријавен во полиција.

Истиот ден, во 10:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишиле од слобода 28-годишен жител на Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „одземање моторно возило“, казниво според член 242 од Кривичниот законик. Осомничениот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СВР Тетово: Две лица лишени од слобода во Гостивар, пронајдени кокаин и марихуана

ДЕСК

НОЕМВРИ ПОЧНУВА СО ОБИЛНИ ДОЖДОВИ – Локално се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК