Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ГО ПРОДАЛ „ГОЛФОТ“ ЗА 7.300 ЕВРА, А НЕ МУ ГИ ИСПЛАТИЛ ПАРИТЕ НА СОПСТВЕНИКОТ – Пријавен случај во Тетово

Во СВР Тетово на 31 октомври 2026 година, во 12:00 часот, 47-годишен жител на тетовско село пријавил случај поврзан со продажба на автомобил „голф“, за кој тврди дека не му бил исплатен целиот договорен износ. Според пријавата, во мај 2025 година тој се договорил со лице од Тетово да му го продаде автомобилот со странски регистарски ознаки за 6.000 евра, со рок за исплата од два месеца по царинењето.

Пријавителот навел дека го царинел возилото на свое име, ги подмирил сите потребни давачки и потоа му го предал на купувачот. Меѓутоа, според неговите тврдења, купувачот за кратко време го препродал автомобилот на трето лице за 7.300 евра. Од првично договорените 6.000 евра, досега му исплатил само 4.500 евра на рати, додека преостанатите 1.500 евра не биле исплатени.

Како што е наведено во полициската пријава, лицето одбивало да го подмири преостанатиот долг и ја прекинало комуникацијата со пријавителот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

МУ ГО УКРАЛЕ АВТОМОБИЛОТ ПРЕД КУЌА – Клучевите биле оставени во бравата, приведен 28-годишник

ДЕСК

СВР Тетово: Две лица лишени од слобода во Гостивар, пронајдени кокаин и марихуана

ДЕСК

НОЕМВРИ ПОЧНУВА СО ОБИЛНИ ДОЖДОВИ – Локално се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК