На 29.10.2026 во 14:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во куќа на ул. „Довлеџик“ во Битола бил пронајден починат 46-годишен жител на Битола.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.


