Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – „Пасат“ удрил во жена, починала од тешките повреди

На 26.10.2026 во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен жител на Скопје, удрило во 81-годишна жена од с.Стајковци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 81-годишната жена, која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ОХРИД – Кривична пријава против 59-годишен маж

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – Ќерка ја пронашла мртва својата мајка, на телото имало траги од насилство

ДЕСК