ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 68-годишен жител на с.Бешиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 13.09.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени стебла од растението канабис.


