СВР Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишен жител на Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 17.10.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со 44 парчиња муниција.


