СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 31.07.2025, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија контрола во угостителски објект на улица „Наум Охридски“ во Охрид, при што кај пријавениот пронајдоа и одземаа кокаин.


